Романскиот шампион Динамо Букурешт денес преку социјалните мрежи објави дека останува без услугите на Педро Силва.
Бразилскиот интернационалец во редовите на клубот од романската престолнина помина само една сезона и поради големата конкуренција на позицијата среден бек, двете страни одлучија спогодбено да ја прекинат соработката.
Во тимот на Чави Пасквал со заминувањето на Педро Силва се отвора можност за ангажирање на екс ракометарот на Металург и Вардар, Лука Циндриќ,
Како што е познато, раководството на Динамо Букурешт е заинтересирано во своите редови да го донесе хрватскиот репрезентативец, кој е на излезна врата од каталонскиот гигант Барселона.