Романскиот шампион Динамо Букурешт преку клупската страна информираше дека од тимот официјално си заминуваат пет ракометари, од кои тројца се интернационалци.
Станува збор за голманот Дан Лазар, десното крило Разван Гаврилоја, десниот бек од Тунис, Амин Банур, средниот бек на египетската репрезентација, Ахмед Каири и кружниот напаѓач од Иран, Алиреза Мусави.
Официјални засилувања во Динамо Букурешт за следната сезона се Али Зеин од Барселона и Станислав Кашпарек од Мешков Брест, додека во тимот се очекува да пристигнат и Лазар Кукуќ од екипата на Бенфика, како и Педро Силва од шпански Пуенте Хенил.
На дел од ракометарите кои имаат активни договори со Динамо Букурешт ќе им биде понудено да одат на позајмица во друг клуб, но сѐ уште не се знае кои играчи ќе бидат тоа.