Екипата на Динамо Букурешт, која е старо-нов шампион во Романија, го претстави првото засилување за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Станува збор за членот на ПИК Сегед, Миклош Рошта, кој одигра одлично на СП во Полска и Шведска. Двете страни се договорија на соработка, со важност до 2026 година.
Унгарецот настапува на позицијата кружен напаѓач и во романскиот клуб ќе биде замена за египетскиот репрезентативец Мохамед Ахмед.
На пикерската позиција во Динамо Букурешт настапуваат уште Вјачеслав Бокан од Белорусија и екс ракометарот на Барселона, Сендрик Сораиндо.
Пред трансфер во клубот од Букурешт се наоѓаат двајцата репрезентативци на Србија, Владимир Цупара и Петар Ненадиќ.