Репрезентативецот на Египет, Али Зеин, кој настапува на позицијата лев бек, на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона и ќе биде ново засилување во амбициозниот проект на Динамо Букурешт.
Романскиот шампион преку својата клупска страна го потврди трансферот на Зеин во своите редови и го најави како големо засилување бидејќи станува збор за играч кој што може да одигра во два правци. Египѓанецот со раководството на романскиот тим потпиша договор на две сезони.
Зеин во Барселона пристигна во сезоната 2021 од Ал Ахли каде што играше како позајмен ракометар од Шарјах. Во својата кариера настапуваше и во првенствата на ОАЕ, Франција, Тунис, како и во неговата татковина.
Со репрезентацијата на Египет на Олимписките игри во Токио го освои 4 место, додека на Светското првенство 2021, на кое Египет беше домаќин, Зеин и неговите репрезентативни колеги завршија на 7. позиција.