Ракометарите на претставникот на Романија, во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт остварија убедлива победа против Висла Плоцк со 29:20. И после 6. коло тимот од Романија останува непоразен и се искачи на првото место на табелата во групата Д.
Првиот дел се играше претежно изедначено, иако домашните имаа предност која беше минимална. На полувреме, Динамо Букурешт успеа да обезбеди три позитива и имаше предност од 13:10. Во второто полувреме домашните имаа одличен почеток. За десет минути игра направија серија од 7:1 со што сите дилеми околу победникот беа решени. Висла Плоцк немаше начин да се врати во игра и мораше да се помири со поразот.
Најефикасни во составот на Динамо беа Алуни и Кадуз со по шест погодоци, а по пет гола постигнаа Негру и Гаврилоиа. За екипата на Висла Плоцк пет гола постигна Жига Млакар, а четирипати беше прецизен Матулиќ.