Ракометарите на Динамо Букурешт предвреме ќе го добијат шампионскиот трофеј за првото место во натпреварувачката сезона 2022/23 во шампионатот на Романија.
Избраниците на Чави Пасквал на пет кола пред крајот имаат 63 бода, додека второпласираната Констанца на свое конто има 51 бод, и јасно е дека никој не може да им го загрози првото место.
Динамо Букурешт во последните пет кола за ривали ги има екипите на Васлиу, Констанца, ЧСМ Букурешт, Бакау и Потаиса Турда.
Амбициозната екипа од романската престолнина во последните седум сезони доминира во домашниот шампионат, додека во Европа нема остварено позабележителни резултати.
Поранешниот европски шампион од далечната 1965 година за следната сезона ќе ангажира неколку квалитетни засилувања, така што ќе може да се надева на подобро издание на европска сцена.