Избраниците на Чави Пасквал во натпревар од 9. коло во шампионатот на Романија беа убедливи против градскиот ривал, тимот на ЧСМ Букурешт, со резултат 38:24 (17:11).
Составот на Динамо Букурешт, откако на полувреме имаше шест гола разлика, во вториот дел многу лесни стигнуваше до погодоци. ЧСМ Букурешт веќе на стартот во вторите 30 минути капитулираше и во продолжението тимот на Пасквал постепено ја зголемуваше предноста за конечни 14 гола разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Андреј Негру со седум погодоци. Во поразениот табор листата на стрелци беше предводена од левиот бек Тудор Ботеа, кој исто така имаше седум реализации.
Динамо Букурешт со новата победа, осма во нива, се зацврсти на првата позиција на табелата и моментално има 24 бодови, три повеќе од второпласираната Констанца, која има 21 бод, додека екипите на Баја Маре и ЧСМ Букурешт на свое конто имаат по 18 бодови.