Динамо Букурешт во проблеми, без тренерот и тројца ракометари во Париз

Екипата на Динамо Букурешт денеска гостува во Париз кај тимот на ПСЖ, во 2. коло од Лигата на шампионите,но екипата нема да биде комплетна бидејќи на пат кон главниот град на Франција не тргнаа тренерот Чави Пасквал и тројца ракометари.

Брзите тестови кои беа направени пред патувањето на коронавирус првично биле со позитивни наоди кај Паксвал, Дан Ракоцеа, Хавиер Умет и Мохамед Мамдух. Сепак, откако направиле и ПЦР тестови добиле негативни резултати, но одлуката е да не се ризикува и тие останале во Романија.

Ова значи дека екипата на Динамо Букурешт ќе биде во незгодна позиција против фаворитот ПСЖ, па задачата на шампионот на Франција е олеснета.

Средбата почнува од 20:45 часот, а тимот на ПСЖ ќе биде во голема предност против Динамо.