Тимот на Пролет е четвртиот учесник на завршниот турнир кај младинците, откако славеше во последниот четвртфинален меч против составот на Мулти Есенс.
Момците на Алексо Лембанов триумфираа против оние на Бранко Ангеловски во Автокоманда со 31-30, иако имаа негатива од пет гола во вториот дел.
Во последните триесетина секунди беше 30-30, имаше тајм-аут за Пролет, по кој реализираше Димковски за 31-30.
Останаа уште неколку секунди за Мулти Есенс, но немаше време за реализација, па Пролет се радуваше на место на завршниот турнир.
Во полуфиналето Пролет ќе игра против Бутел Скопје, додека во второто полуфинале ќе се сретнат домаќинот Младост Богданци и Голден Арт.