Тимот на Пелистер по подолго време го очекува настап во Купот на ЕХФ, каде за противник го доби швајцарскиот претставник Винтертур.
Иако имаше голем број промени во тимот, битолчани сепак најавуваат дека се подготвени за борба со искусниот ривал. Еден од староседелците во тимот, Васко Димитровски, вели дека спортски е да се надеваат на позитивен резултат.
„Имаше многу промени во тимот, сега имаме голем број на млади ракометари желни за докажување, па затоа очекувам голема борба. Спортски е да се надеваме на позитивен резултат, инаку нема потреба да излегуваме на терен. Ќе се потрудам со моето искуство да им помогнам на овие млади играчи заедно да го претставиме Пелистер во одлично светло“, вели Димитровски.
Натпреварот меѓу Винтертур и Пелистер се игра денеска со почеток во 17:00 часот.