Екипата на Металург претрпе уште еден пораз во Лигата на Европа откако денеска против составот на Аон Фиверс одигра дуел со многу голови, а истиот финишираше со резултат 30:45.
Ова беше средба на која дефинитивно шанса имаа сите, па и неколку помлади ракометари.
„Имавме многу проблеми пред овој натпревар, со повредени и играчи кои беа позитивни на Ковид-19. Не можевме да работиме заедно. Што се однесува до мечот, без одбрана не можеш да очекуваш резултат. Ние воопшто не игравме одбрана. Се надевам дека ќе го смениме тоа за следните натпревари кои нè очекуваат во домашното првенство и ќе направиме прогрес. Во последните мечеви во оваа Лига на Европа во составот имавме неколку 16-годишни ракометари, гледаме да создаваме ракометари за во иднина и собираме искуство за понатаму“, изјави тренерот Оливер Димитриоски после дуелот со Фиверс.
Следниот натпревар за Металург е на 2 март против тимот на Адемар Леон, а најверојатно ќе биде последен бидејќи дуелот против Тулуз тешко дека ќе се одигра.