„Македонскиот“ тим Ваљадолид ја забележа втората победа во новата сезона од Асобал лигата.
Тимот на Димитар Димитриоски, кој беше најдобар стрелец и Дарко Димитриевски, славеше против Пуерто Сагунто со 33-26.
Победата беше најавена уште по првиот дел кога избраниците на екс стратегот на Вардар, Давид Писонеро, водеа со 20-12.
Димитриоски вторпат откако е во Ваљадолид беше најдобар стрелец на еден натпревар и даде шест гола од шест обиди.
Димитриевски исто така имаше важна улога во триумфот, и постигна два гола од три обиди. Следен предизвик за Ваљадолид и Македонците ќе биде гостувањето кај Бидасоа.