Вардар е првиот тим што обезбеди место во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако во Скопје го победи прволигашот од Штип, Текстилец со убедливи 47-11.
Стратегот Стевче Алушовски за овој дуел не сметаше на Дибиров, Чупиќ, Георгиевски, Ристовски, Јотиќ, Валчак, Стоилов, Мишевски, а шанса добија оние со помала минутажа.
По првиот дел беше 22-5 и беше јасно дека до крајот само ќе се бројат головите, а во второто полувреме уште повеќе нагазија вардарци до конечните плус 36 разлика.
Најдобри стрелци во „црвено-црниот“ тим беа Јагуриновски со 14 и Димитриоски со 13 погодоци, како и Карапалевски со десет голови, а кај гостите седум гола даде Васе Петров.
КУП НА МАКЕДОНИЈА, ЕЛИМИНАЦИИ:
ВАРДАР – ТЕКСТИЛЕЦ 47-11
СРЕДА, 24 ФЕВРУАРИ
17:00, РИНИА М – РАБОТНИЧКИ
18:30, ПРОЛЕТ – БОРЕЦ
18:30, ПРИЛЕП – АЕРОДРОМ
19:00, ПРЕСПА – СТРУГА
19:00, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ЈЕХОНА
19:00, КИЧЕВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ
19:00, ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА – ДРАЧЕВО
19:30, ШАМПИОН – ТИКВЕШ
ЧЕТВРТОК, 25 ФЕВРУАРИ
15:00, ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – ОХРИД
16:00, МЕТАЛУРГ РА – РАДОВИШ
18:00, АСТРАИОН – МАКЕДОНИЈА ЃП
18:00, ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР НЕГОТИНО
18:30, КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ
19:00, МЛАДОСТ – СКОПЈЕ 2020
19:30, ПАРТИЗАН – ГА КЛ 7