Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата Македонци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, загуби на гости кај Кангас со 27-26 во Асобал лигата.
Димитриоски запиша четири гола од шест обиди, додека Димитриевски беше стрелец на пет погодоци од шест обиди.
И покрај одличната партија на македонските интернационалци, Ваљадолид мораше да се помири со нов пораз.
Беше 26-26 на четири минути до крајот, домашните постигнаа гол во следниот напад, и до крајот и двете екипи не погодија ниту еднаш.
Ваљадолид има 13 бода, а следен предизвик за овој тим ќе биде домашниот натпревар со Торелавега.