Тимот на Ваљадолид, каде што играат двајцата македонски интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, загуби во 16 коло од Асобал лигата.
Ваљадолид беше поразен на гостувањето кај незгодната Енкантада Куенка со 31-20, откако на полувреме беше 14-8.
Димитриоски постигна три гола од пет обиди, додека Димитриевски стрелаше три пати од шест обиди.
Ваљадолид сега се наоѓа на 13 место на табелата во Асобал лигата, а следниот натпревар го игра на домашен терен против Уеска.