Екипата на Ваљадолид, која е предводена од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која ќе влезе со поголеми амбиции од изминатата сезона.
Во Ваљадолид ќе настапуваат и двајца ракометари од Македонија. Прилепчанецот Димитар Димитриоски, кој во својата кариера играше за Металург, Вардар и Еурофарм Пелистер 2 и ракометарот со големо интернационално искуство, велешанецот Дарко Димитриевски.
Амбициозниот клуб за новата сезона се засили со уште еден поранешен вардарец, Жозе Толедо. Писонеро со новите засилување ќе има квалитетен тим за добар пласман во шпанската елита, која од година во година станува се поквалитетна, но каталонскиот гигант, Барселона во последните 12 години е неприкосновен.
Ваљадолид има европски трофеј од Купот на победниците на Куповите во сезоната 2008/09, а има играно и финале во ЕХФ Купот (1998/99) и во Челинџ Купот (1999/00). Во Ваљадолид своевремено настапуваа и Роберто Гарсија Парондо, Раул Гонзалес, Чема Родригес…