Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, славеше во реванш дуелот од четвртфиналето на Копа дел Реј.
Синфин имаше негатива од шест голови од првиот дуел со Бенидорм, на возвратниот дуел победи со 36-31 и за влако не успеа да обезбеди место на завршниот турнир.
Димитриевски беше најдобар стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне седум погодоци.
По елиминацијата од Копа дел Реј, за нашиот интернационалец и Синфин остануваат обврските во Асобал лигата.