Екипата на Синфин за која настапува Дарко Димитриевски претрпе нов пораз во Асобал лигата, овој пат на гостувањето кај Бенидорм со 25:32.
Интернационалецот од Македонија имаше нова добра средба и успеа да постигне пет гола со кои беше најефикасен во тимот на Синфин. Сепак, ова не беше доволно за да може составот на Синфин да се избори за подобар резултат.
Покрај петте погодоци, Димитриевски имаше и едно исклучување и тоа уште во 14. минута од натпреварот.
Со овој пораз тимот на Синфин и понатаму остана во опасната зона. Има 20 бода од 30 натпревари, а се наоѓа на 13. позиција на табелата. Ќе има уште борба во последните натпревари за да може да се обезбеди опстанок во Асобал лигата.