Тимот на Синфин Сантандер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Дарко Димитриевски, обезбеди место во четвртфиналето на Копа дел Реј.
Синфин по ремито во првиот дуел од осминафиналето на гости кај Гвадалахара, 32-32, на домашен терен славеше убедливо против тимот каде што игра Костадин Петров со 37-28.
Димитриевски беше меѓу главните стрелци во домашниот тим и постигна пет погодоци, додека Петров немаше учинок за Гвадалахара.