Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски со својата екипа Синфин Сантандер на уште еден натпрeвар во Асобал лигата остана непоразен откако одиграа нерешено 24:24 на гостувањето кај Нава.
Ова беше трет по ред, а четвртти од последните пет натпревари на кои Синфин со своите противници игра без победник. На дуелот со Нава во поголемиот дел од мечот тимот на Димитреивски беше во негатива, на полувреме губеше, 12:15 но на крајот стигна до нов бод.
Дарко Димитриевски овој дуел го заврши со три погодоци од шест удари, имаше едно исклучување од две минути, а во 58. минута доби директен црвен картон и порано го заврши натпреварот.
Синфин останува на 12. позиција со 14 бодови и е на четири бода над зоната на испаѓање. Следното коло Димитриевски ќе игра на домашен терен против екипата на Куенка.