Димитриевски го наполни голот на Гросвалштат

Тимот на Емсдетен, каде што игра македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски, забележа победа во Втората Бундес лига.

На домашен терен Емсдетен славеше победа над некогашниот европски шампион Гросвалштат со 31-27.

Предводник на победничкиот тим беше Димитриевски со седум погодоц, кои ги постигна од десет обиди.

Следен предизвик за Емсдетен и Димитриевски ќе биде Кобург, кој минатата сезона играше во елитната Бундес лига.