Во заостанатиот натпревар од 25. коло во шпанската Асобал лига, Синфин Сантандер на Дарко Димитриевски забележа голема победа против Адемар Леон со 31:29.
Дарко Димитриевски имаше ефикасно издание на натпреварот и го водеше својот тим до победата. Левиот бек беше прв стрелец во својот тим со осум гола од девет обиди.
Во првото полувреме Адемар имаше постојано водство, а така беше и на полувреме кога имаа два позитива, 16:14. После пет минути игра во вториот дел Синфин израмни и го презема водството кое го сочуваа до крај.
Димитриевски и Синфин врзаа две победи и избегаа од опасната зона. После 27 одиграни кола Синфин е на 12. место со 18 бодови.