Двајцата интернационалци од Македонија во Ваљадолид, Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски блеснаа во натпреварот во Асобал лигата против Торелавега.
Ваљадолид предводен од македонското дуо запиша важен триумф против Торелавега од 33:32 и со новите освоени бодови направи голем исчекор во борбата за опстанок во најквалитетното натпреварување во Шпанија.
Најефикасен во победничката екипа беше Дарко Димитриевски, кој ја одигра најдобрата партија во својот нов клуб.
Велешанецот беше незапирлив на теренот, постигна 11 погодоци од 14 обиди и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Одличен натпревар одигра и Димитар Димитриоски, имаше 100% реализација, четири гола од исто толку обиди.
Следен предизвик за избраниците на Давид Писонеро ќе биде биде дуелот со Бенидорм.