Димевски за 24Ракомет ТВ: Грешките си го направија своето, ни фалеше повеќе искуство (ВИДЕО)

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!

Машката кадетска репрезентација на Македонија со пораз ја отвори главната фаза на Светското првенство во Хрватска. Нашите надежи во дуелот со Данска немаа сила за сензација и беа поразени со седум гола разлика, 37:30. Во одлично издание против скандинавската репрезентација се покажа Давид Димевски, кој натпреварот го заврши со шест погодоци. Димевски истакна дека грешките и неискуството си го направиле своето на дуелот со данската репрезентација. Целосната изјава погледнете ја во видео прилогот..