Тимот на Пролет ги одигра првите две средби во рамките на подготвителниот период за пролетниот дел од сезоната и забележа две лесни победи.
Своето деби на голот на Пролет го имаше и долгогодишниот македонски репрезентативец Петар Ангелов, кој пристигна од Германија и ќе биде значаен адут во борбата за излез во ракометна Европа.
Прв противник на избраниците на Никола Матлиески беше Металург 2, суперлигаш што рутински беше совладан со 36-22, а следен ривал на Пролет беше КЛ7, кој си замина со убедлив пораз од девет голови разлика, 27-18.
Пролет продолжува со подготовките, а нареден ривал во серијата контролни средби ќе биде тимот на Металург, меч што е закажан за в среда.