Рускиот шампион Чеховски Медведи ова лето прави избор на најдобрите ракометари по позиции во клупската историја.
„Мечките“ во 20 години постоење направија големи успеси во Русија, а имаат и еден пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
По изборите за најдобри среден бек, пикер, десен бек, лев бек и голман, на ред дојде и изборот за лево крило.
Меѓу десетте номинирани ракометари се најдоа и вардарецот Тимур Дибиров, како и некогашниот тренер и спортски директор на „црвено-црните“ Едуард Кокшаров.
Останатите номинирани може да ги видите на следниот ЛИНК.