Русинот со македонски пасош, Тимур Дибиров, по осум години, повторно го облече дресот на Чеховски Медведи.
„Мечките“ слават 20 години од основањето на клубот, а во Чехов се игра ревијален натпревар меѓу актуелниот ростер на тимот и составот од ѕвездите кои во минатите години играле за Чеховски Медведи.
Покрај членот на Вардар, во ѕвездениот состав на „мечките“ се Горбок, Васиљев, Санталов, Косоротов, Ковалев, Камањин…
Дибиров го носеше дресот на рускиот шампион од 2004 до 2013 години и играше на Ф4 во Лигата на шампионите, а освои многу двојни круни во Русија.