Дибиров на чекор од „КЛУБ 1000“ – Се уште го паметам првиот гол во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Рускиот интернациионалец Тимур Дибиров досега постигна 997 во Лигата на шампионите. Му фалат уште три гола да влезе во „Клубот 1000“, каде што уште Кире Лазаров и Никола Карабатиќ. Многу веројатно тоа ќе се случи утре на мечот против ПИК Сегед, а Дибиров вели дека се сеќава на првииот гол во елитното натпреварување.„Ми значи таа бројка и остварување до кое е тешко да се дојде. Го паметам првиот гол во 2003 година против Горење во Словенија и ми донесе многу емоции. Сите мои тренери, соиграчи, навивачи беа важен дел за да дојдам до таа бројка. Но нема да останам на тие голови и ќе одам понатаму“, кажа Дибиров, кој не сакаше да издвои кој гол му е најдраг.