Дибиров меѓу најдобрите, на гол од лидерот на стрелците во ЛШ

Ракометарот кој пред неколку недели се најде во Клубот 1000 погодоци во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров и понатаму е во трка за најдобар стрелец, а има само еден гол помалку од лидерот, Алеиш Гомез од Барселона.

Шпанецот е лидер со 59 погодоци од десет натпревари, додека Дибиров е во група со уште Микел Хансен и Тобијас Грондал со 58 гола што става во потесна конкуренција за топ стрелец до крајот на сезоната.

Првите десет стрелци се во мала разлика, а Дибиров има одлична сезона така што може да се очекува да биде во трка за првата позиција и после паузата која ќе трае до средината на февруари.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ – ТОП 10

59 – Алеиш Гомез (Барселона)

58 – Тимур Дибиров (Вардар)

58 – Микел Хансен (ПСЖ)

58 – Тобијас Грондал (Елверум)

57 – Дика Мем (Барселона)

55 – Раул Нант (Динамо Букурешт)

55 – Никлас Екберг (Кил)

53 – Доминик Мате (Елверум)

52 – Феликс Клар (Алборг)

51 – Гашпер Маргуч (Веспрем)