Дибиров, Карачиќ и Дисингер во „рајот на земјата“ – уживаат во луксузен хотел на Малдиви (ФОТО)

Некогашните соиграчи од Вардар – Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер и Игор Карачиќ, сезонава заедно го минуваат летниот одмор.

Тројцата летуваат на Малдиви заедно со понежните половини, во еден од најлуксузните ресорти – Хеританс Арах.

Најефтино ноќевање во двокреветна соба во овој хотел чини 750 евра, а цените на собите со поглед кон океанот чинат многу повеќе.

Германскиот интернационалец, со неговата девојка Марија Андоновска, летуваа и на Хвар заедно со Карачиќ и сестрата близначка на Марија – Душица.