Тимот на Загреб ја освои двојната круна во Хрватска, откако славеше во финалето на Купот против Трогир со 35-17.
Меѓу главните стрелци во победничкиот тим беа екс вардарците Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, кои не промашија ниту еднаш.
Дибиров беше стрелец на четири погодоци, додека Чупиќ стрелаше шест пати во голот на Трогир.
Ова е нов трофеј за Загреб, откако „плинарите“ претходно го освоија и првенството по финалната серија со Нексе Нашице.