Дибиров и Чаневски во идеалниот тим на СЕХА за месец март (ВИДЕО)

Медиа тимот на регионалната СЕХА лига го избра идеалниот тим за месец март во ова натпреварување. Во него се најде голманот Градичир Чаневски, голманот на Еурофарм Пелистер, кој имаше 14 одбрани на гости кај Металопластика, а имаше одлична партија и на гости кај Загреб. Место во идеалниот тим имаше и за левото крило на Вардар - Тимур Дибиров, кој даде девет гола против Нексе. Меѓу најдобрите се најдоа и десното крило на Загреб, Владо Матановиќ, левиот бек на Нексе, Халил Јагањац, десниот бек на Металопластика - Војислав Брајовиќ, како и тројката од Мотор Запорожје - пикерот Вјачеслав Бокан, средниот бек Аиденас Малашинскас и тренерот Гинтарас Савукинас.