Ракометарите на Вардар во спортската сала ,,Јасмин” во Кавадарци го одбранија Куп трофејот откако направија херојски пресврт во последните десет минути во натпреварот против Еурофарм Пелистер и со голот на Филип Талески, кој беше реализиран во последните секунди, дојдоа до посакуваната цел. Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров, ја освои седмата Куп титула во „црвено-црниот“ дрес и наскоро со неговиот тим се очекува да ја одбрани дуплата круна. Искусниот ракометар истакна дека во двата последните натпревари од Суперлигата, против Бутел и Тиквеш, треба да бидат претпазливи и додаде дека Вардар како искусен тим со максимална концентрација може успешно да ја заврши оваа сезона.