Легендарното лево крило на Вардар, Тимур Дибиров, е на добар пат да стигне до уште една титула со „црвено-црните“ по триумфот над Еурофарм Пелистер со 23-26.
Дибиров најави заминување од Вардар, не сè уште е неизвесно дали ќе дојде до тоа или сепак ќе остане.
„Секоја вечер кога ќе си легнам размислвам и не можам да се замислам во друг клуб и други бои на дресот. Многу ми е тешко и не можам да си го претставам тоа. Сега не можам ништо да кажам, но во мојата глава не може да има ништо друго освен црвено-црно. Денеска ќе славиме, а дали ќе останам ќе видиме“, заврши левото крило.
Дибиров осум сезони е член на Вардар, а навивачите на „црвено-црниот“ тим очекуваат убави вести и продолжување на престојот на руското крило во Скопје.