"Ања ми даде шанса, ангажираше доктор, кој ме оперираше со зафат кој дотогаш го немаше направено ниту еден ракометар."
Ирина Дибирова целата своја кариера ја минува во четири клуба, Ростов Дон, Лада Тољати, Шлагелсе и Звезда од кои единствено интернационално искуство и е данскиот клуб, со кој и ќе ја освои првата титула во Лигата на шампионите.
Причината поради која го одбрала Шлагелсе е легендарната Ања Андерсен.
„Низ целата моја кариера имав понуди да играм во големи клубови надвор од Русија, но за мене не беше цел да градам интернационална кариера, бевме посветени на националната кауза, со Русија да се освои сè што може. Ви велам во тој период на апатија добив понуда од Шлагелсе, која ја прифатив поради тренерот Ања Андерсон, која беше многу интересна и актуелна во тоа време. Исто така тогаш имав тешка повреда на коленото, со многу операции и сите, па дури и јас мислевме дека тоа е крајот. Но, Ања ми даде шанса, ангажираше доктор, кој ме оперираше со зафат кој дотогаш го немаше направено ниту еден ракометар. Тоа е уште една од причините поради која отидов. Тоа беше тежок процес на рехабилитација, но Ања веруваше во мене и ми подари уште пет-шест години во ракометот. Кога сите ми велеа стоп, таа ми даде шанса и за тоа сум бескрајно благодарна“, се потсети Ирина.
Комплетното интервју со Дибирова може да го прочитате подолу.