Жозе Де Толедо е последното име кое се споменува дека ќе ја напушти екипата на Вардар но после завршување на сезоната. Гласините велат дека Бразилецот нема да се врати во Полска од каде што пристугна туку ќе замине во изненадувачки правец.
И покрај тоа што Де Толедо се сметаше за наследник на Игропуло во Висла Плоцк тоа нема да се реализира, а наредна дестинација според медиумите во Романија очекува да биде екипата на Баја Маре токму во романското првенство. Како една причина се споменува и тоа што девојката на ракометарот Лариса Араухо исто така игра во Романија.
Ова би бил доста изненадувачки потег на Бразилецот со оглед на неговиот потенцијал. Романскиот клуб после финансиките проблеми кога беше на работ на банкрот полека се враќа на сцената во домашното првенство и се очекува да се бори за пласман во европските натпреварувања.
Жозе Де Толедо пристигна во Вардар на почетокот на сезоната но веднаш имаше операција на коленото и го пропушти есенскиот дел од сезоната. На почетокот на пролетниот дел се опорави од повредата и конечно заигра за Вардар но големи се шанските со оглед на проблемите во клубот да го напушти после завршување на сезоната.