Ракометот во Европа запре, речиси сите првенства се прекинати, а исто така и европските натпреварувања. Голем дел од спортистите испраќаат пораки за заштита од вирусот.
Бразилецот во Вардар испрати порака до граѓаните во насока на заштита од коронавирусот. Жозе Де Толедо на социјалната мрежа инстаграм напиша пораки со надеж за успешно справување со заканата во Европа и Светот.
„Важно е да бидеме обединети и одговорни за заедницата. Не ралативизирај, не се откажувај од препораките, не паничи. Верувајте им на оние кои се грижат за нас и се грижат едни за други. Заедно можеме да победиме во оваа битка“, порача Де Толедо.