Де Варгас: Кога сме на потребното ниво – тогаш сме непобедливи!

Голманот на репрезентацијата на Шпанија и Барселона, Голзало Перез де Варгас во интервју за marca.com говореше на која позиција би играл доколку не бил голман. Исто така ги сподели своите очекувања за завршниот турнир од Лигата на шампионите кој ќе се игра во декември.

Де Варгас е во Барселона од својата 16-та година и тука успеа да израсне во еден од најдобрите голмани во светот.

„Доколку не бев голман би сакал да играм на средната бековска позиција. За страничните бековски позиции ги немам потребните физички предиспозиции кои се неопходни во денешниот ракомет. Потребно е многу трчање, а јас не сум подготвен толку. Сакам да имам преглед на играта а тоа е најдобро од среден бек“, рече Де Варгас.

Барселона е една од четирите екипи кои ќе учествуваат на завршниот турнир од Лигата на шампионите во декември, а Де Варгас смета дека ако се на потребното ниво имаат огромни шанси за успех.

„Донесовме засилувања за кои мислам дека ќе придонесат многу во нашата игра, истото го направија и останатите ривали како ПСЖ, Веспрем и Кил и овие екипи секогаш ќе бидат во врвот. Вистина е дека за да стигнете до фајнал форот во Лигата на шампионите е многу тешко, но да се освои титулата европски шампион таму е уште потешко. Во последните две сезони многу напредувавме, играме брзо и со многу голови, покажавме дека ако сме во форма и на потребното ниво скоро сме непобедливи“, истакна Де Варгас.