Двајцата голмани на Барселона, Гонзало Перез Де Варгас и Кевин Милер покрај високиот процент на одбранети удари на противничките играчи се истакнуваат и по нивната ефикасност постигнувајќи 14 гола во изминатава сезона.
Де Варгас има одбранети удари со процент од 42,8 или 140 од 327, додека Милер има процент од 36,1 или 161 одбрани од 446 удари во Асобал лигата. Барселона е најефикасен тим со постигнати 730 голови, односно во просек по 38 гола.
Доминацијата на Барса ја потврдува и фактот што нивната одбрана е најдобрата во лигата. Во Асобал лигата Барселона прима во просек по 25 голови, додека во Лигата на шампионите е на третата позиција со 27 примени гола во просек по меч.
На теренот долг 40 метри не е воопшто едноставно да се погоди празната мрежа од гол на гол. До сега Де Варгас има постигнато девет гола во сите натпреварувања, а Милер постигнал вкупно пет гола. За разлика од оваа минатата сезона голманите постигнале осум гола. За Де Варгас ова не е најдобрата сезона бидејќи во 2017/18 тој постигна вкупно 19 гола, а на еден натпревар успеа да постигне пет гола.