Данскиот репрезентативен голман, Емил Нилсен, денеска беше потврден како нов играч на европскиот шампион Барселона.
Каталонскиот гигант дури денеска го официјализираше тоа што беше познато уште многу одамна, дека Нилсен ќе се пресели во Шпанија.
Тој потпиша договор на три сезони, и тоа значи дека најмалку до 2025 година ќе формираат тандем со Гонзало Перез Де Варгас.
Нилсен има 25 годии, потекнува од составот на Архус, каде бранеше до 2017, пред да се пресели во Скјерн. Во 2019 година направи трансфер во францускиот Нант, каде имаше одлични партии.
Претходно, Барса го потврди ангажманот на левото крило Хампус Ване, кој исто така потпиша договор на три сезони.