Ракометарите на Вардар загубија на домашен терен од Веспрем со 22-30 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Стратегот Давид Дејвис смета дека кратко било време откако е во тимот за да се достигне нивото што е потребно за вакви натпревари.
„Мојата екипа макотрпно работи последните два месеци, но денеска игравме само во првите 15 минути, но тоа е доказ дека по промените е тешко да се достигне за краток период ниво кое е потребно за вакви натпревари. Вардар ќе продолжи да работи, да напредува, играчите си ја сфаќаат работата сериозно и верувам дека навреме ќе го постигнеме нивото кое е потребно. Ништо не е готово, на вториот натпревар ќе пристапиме максимално сериозно. Сакам да им се заблагодарам на навивачите кои не бодреа и покрај поразот“, вели Дејвис.
Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во Суперлигата, а реваншот со Веспрем ќе биде на 6 април.