Вардар со реми, 31-31, кај унгарскиот Веспрем се збогува од Лигата на шампионите и ги заврши европските настапи оваа сезона.
Тренерот Давид Дејвис вели дека е задоволен од нерешениот резултат и вели дека не е лесно да оствари таков резултат на теренот во Веспрем.
„Честитки за Веспрем за пласманот во четвртфиналето, но и на моите играчи за борбата. Не беше лесно да се игра, особено што губевме по првиот дел. Ќе се обидеме да растеме како тим, бидејќи не чекаат важни натпревари за играње. Среќен сум и задоволен со ремито. Не е лесно да се одигра реми на теренот на Веспрем, иако можеби тоа не е толку важно за нив, но за нас е. Благодарност да нашите навивачи што дојдоа од Скопје и секогаш не бодрат“, вели Дејвис.
За Вардар сега останува да се посвети на домашните обврски и битките за титулата во Суперлигата и во Купот на Македонија.