Ракометарите на Вардар ги очекува последниот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум.
Тренерот Давид Дејвис очекува триумф без разлика кој ќе игра на натпреварот што нема значење за Вардар, туку само за гостинската екипа.
„Мора да продолжиме со работа, иако сигурно сме петто место, ова за нас е ова важен меч. Сите ракометари сакаат да играат, играме дома и мора да напредуваме и секој ден да бидеме се подобри. Елверум игра добро на гости, станнува збор за добар противник на кој му требаат бодови, а за нас е шанса да видиме до каде сме. Мора да играме на победа. Имаме многу играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Ние одиме на победа, без разлика кој ќе игра“, изјави Дејвис.
Натпреварот меѓу Вардар и Елверум се игра в среда во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20:45 часот.
Георгиевски: Сакаме да ја завршиме групната фаза со триумф, победнички да одиме во елиминациите