Поранешниот тренер на Вардар, Шпанецот Давид Дејвис, прослави титула во егиипетскиот шампионат.
Неговиот тим Ал Ахли славеше во Каиро против Замалек со 24-21 и уште еднаш стана првак на Египет.
Ова е прва домашна титула за Ал Ахли од 2018 година и вкупно 24 во историјата, додека Замалек има 19.
Дејвис има договор со египетскиот тим, но се погласни се шпекулациите дека може да се врати во Европа.
Унгарските медиуми го поврзуваат со трансфер во ПИК Сегед.