Македонскиот шампион Вардар славеше убедливо против норвешкиот првак Елверум со 39-30 во последното коло од Лигата на шампионите.
Тренерот Давид Дејвис иако бил лут по првото полувреме, сепак е среќен за изданието во поголемиот дел од второто полувреме.
„Честитки за Елверум за добриот натпревар. Честитки и за моите играчи. Сакам да истакнам дека ова е многу значајна победа за нас, плус онаа што ја забележавме против Брест на зелената маса. Среќен сум што Вардар го извлече максимумот во овие четири меча и што продолжуваме од петтата позиција. Сакав да победиме иако бевме сигурни пред стартот. Бев лут на полувремето, но задоволен сум од пристапот во вториот дел иако имавме негатива. Крилата пресекоа многу топки, одличниот Томовски беа клучот за големата разлика. Ова е ЛШ, секој сака да победи“, вели Дејвис.
Следен предизвик за македонскиот првак ќе биде двобојот од осминафиналето против на Веспрем.