Ракометарите на Вардар славеа кај Монпелје со 25-28 во натпреварот од 11 коло од Лигата на шампионите.
Тренерот на македонскиот шампион Давид Дејвис беше задоволен од големата победа што Вардар уште повеќе го доближува до елиминациите.
„Сакам да им честитам на играчите затоа што завршија фантастична работа во Монпелје. Ова е важен триумф за нас по голема борба и многу сум среќен. Нашата одбрана беше добра, голманите беа добри, нападот беше добар и задоволни сме од она кое го прикажавме против екипа каква што е Монпелје“, изјави Дејвис.
Следен предизвик за Вардар ќе биде домашниот натпревар против хрватскиот Загреб.