Дејвис: Европска титула со Веспрем ќе биде уникатен новогодишен подарок

На 28 и 29 декември во „Ланксес Арена“ во Келн ќе се одигра завршниот турнир во Лигата на шампионите од минатата сезона.

Со оглед на тоа што беа откажани средбите од осминафиналето, место на Ф4 обезбедија најдобрите четири екипи (по две од група) од групната фаза – Кил, Барселона, Веспрем и ПСЖ.

Тренерот на унгарскиот клуб, Давид Дејвис, кој лани во финалето загуби од Вардар, сега ќе се обиде да му ја донесе на Веспрем првата историска титула.

„И покрај тоа што сега е средина на сезоната, ние мора да се бориме за трофејот. ОСвојувањето на европската шампионска титула би било уникатен новогодишен подарок. Затоа претстојните празници ќе бидат специјални за нас. Кога ќе пристигнеме во Келн, ќе се фокусираме само на победи и ќе направиме се за да се вратиме дома со трофејот. Една од нашите тајни се високи стандарди на тренирање. Некогаш нашите тренинзи се потешки од натпреварите“, вели Дејвис.

Веспрем во второто полуфинале ќе игра против Кил, а во првото полуфинале ќе се сретнат Барселона и ПСЖ.