Ракометарите на Вардар ги очекува важен натпревар од Лигата на шампионите в среда против хрватскиот првак Загреб.
Тренерот Давид Дејвис вели дека ако Вардар сака успех во елитното натпреварување, мора да победува на домашните натпревари.
“Секој натпревар екипата игра многу подобро, ако имавме повеќе време за тренинг, ќе бевме уште подобри. Ќе ги искористиме последните тренинзи за добра тактика. Имаме почит кон Загреб, кој игра многу добро во последно време. Многу важен месец е ова за Вардар, сите ќе се борат за бодови. Ако сакате да направите нешто повеќе, дома мора да победувате. Ќе биде борба, но ќе се потрудиме да одиме место погоре на табелата. Победата со Монпелје беше добра за хемијата, но тоа е само една победа, нашата цел е да бидеме најмалку шести во групата, ќе одиме чекор по чекор, не можеме да мислиме на долг рок. Ги повикувам навивачите да ни дадат поддршка, се сеќавам на одличната атмосфера пред неколку години, вели Дејвис.
Натпреварот меѓу Вардар и Загреб се игра в среда во СЦ “Јане Сандански” со почеток во 20:45 часот.