Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков е најдобриот стрелец на унгарскиот гигант Веспрем во досега одиграниот дел од сезоната.
Манасков и Веспрем се активни во домашното првенство и во Лигата на шампионите, а ги одиграа и двата дуели од ланскиот Ф4 во регионалната СЕХА лига.
Унгарскиот тим одигра вкупно 14 официјални средби, а Манасков беше во ростерот на 11 од нив и успеа да постигне 52 погодоци.
На второ место е Андреас Нилсон со 47 голови, додека трет стрелец на Веспрем оваа сезона е Гашпер Маргуч со 45 погодоци.