Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков нема да биде дел од полуфиналниот дуел во Лигата на шампионите.
Левото крило нема да игра против Келце во „Ланксес Арена“, а на негово место во ростерот на унгарскиот вицепрвак се наjде Петер Лукач.
Манасков три пати беше дел од завршниот турнир во Келн со унгарскиот гигант, но ниту еднаш не успеаја да се закитат со титулата.
Тренерот Момир Илиќ на располагање на лево крило го има Мануел Штрлек, а ќе комбинира веројатно и со Кентан Мае.
По пет сезони во Веспрем, македонскиот репрезентативец заминува и од септември ќе има нов предизвик во кариерата.